Бекстејџ ви го честита Денот на независноста...

Ирена Спасиќ: Не ја организирам и првата брачна ноќ

Помогна во организација на над 200 свадби, има снимено над 180 емисии, мила, фина и неверојатно заводлива, водителката на 48 часа свадба Ирена Спасиќ работно ја посети Македонија.

Колку време поминуваш  со младоженците и нели ти здодеа од свадби, музика, сватови ова она?
 -хехеххеех, па јас со нив поминувам 48 часа а тие после цел живот се заедно и сами, така да ние го организираме венчањето, тие се пријавуваат а ние организираме, тие извршуваат 12 задачи за 48 часа, ние се забавувеме одиме кај нив дома и тие се венчаат.

Колку време работиш како водителка?
 -Пет цели години и некој месец

Кои до сега ти биле најинтересни  ликови кој се пријавиле во 48 часа свадба?
 -Па имавме младенци кои се венчаа а се запознале во затвор, тоа е супер,љубовта не бира ни место не време! 

Дали ќе се мажиш и дали имаш децко?
 -Да планирам и имам дечко!

Колку време сте заедно ?
Уффф па долго ама кога ќе се мажам сигурно како најгледан естраден магазин од Македонија ќе бидете поканети !

Колку години имаш?
  -Ти па Миро се нешто такво ме прашуваш,ајде ке ти кажам 33 имам !

Секој викенд го напушта Белград и оди на пат т.е.на снимање во други градови и села ,што прави зад камерите во слободно време ?
  -Па имам малку слободно време, кога сум слободно работам на кастинг за емсиијата и кога ќе видиш пак немам слободно време, сепак динамично ми е .        

Дали тоа значи дека ја поминувате и првата брачна ноќ со младоженците ?
-  хехеххехехехе, па нееееееее, тоа поминува без нас, мислам дека тие претходно ја поминуваат таа прва брачна ноќ!

Најмлад учесник до сега ?
 -Да имавме, тое беше 16 годишно момче!

Дали досега се има случено некаков скандал при снимањето или?
 - Неее,знаеш зошто? Затоа што кога ќе им го покажеме буџетот со кој располагаме а тоа се околу 4 до 5 илјади евра сите се срќни,опуштени и насмеани!

Интелегентно харизматична и културна, српската водителка на РТС одговори на секој предизвик поставен од наша македонска страна.

                                                                         Мирослав Кацаров    
 

Еден од настаните кои дефинитивно го одбележаа лето 2010, беше журката со легендарниот Дејвид Моралес, на Немо плажата во Охрид.