Емилија Ванчова и Маја Божиновска  се добитничките на последните две гратис влезници за настапот...

Интервју со г-ѓа Маја Иванова

Изградениот карактер неможе да го расипе ниту претседателска функција

Првата дама на Македонија, госпоѓа Маја Иванова, за прв пат ги отвори вратите на својот дом, на претседателската резиденција за екипата на Бекстејџ.

Маја Иванова: Откако сопругот ја донесе одлуката за влез во политиката, свесни бевме дека влеговме во најголемиот животен предизвик. Со Ѓорѓе Иванов се запознавме на Пониква близу Кочани, на еден семинар на тогашната младинска организација на која и двајцата бевме членови. Пријателството меѓу нас прерасна во љубов а истата во 9о та година ја крунисавме со брак. Вообичаено бракот се нуди со прстен мене Ѓорѓе ми го понуди со калинка која пак е заштитен знак на неговиот роден град.
Ѓорѓе е човек што го красат најубавите човечки особини, секогаш позитивен и расположен за разговор со синот.

Бекстејџ :Традицијата да се негува семејството и покрај функциите кои ви ги доделува животот Маја не ја запостави.Жртвата за стагнација на нејзината кариера сопругот Ѓорѓе Иванов ја награди со тоа што ја направи прва дама во македонија. Привилегија или обврска?

Маја Иванова: Пред се, привилегија е што јас сум животен сопатник на Ѓорѓе. Оваа функција носи и привилегии и обврски, се надевам дека добро ќе се справам со сите.

Бекстејџ : Со обврските околу политичкиот живот во Македонија се справува Иванов а во домот и семејството и припаднаа на Маја. Со своите квалитети во кујната неретко знае да ги изненади најблиските на сега веќе ретките семејни ручеци и вечери.

Маја Иванова: Отсекогаш ја сакав семејната атмосфера. Секогаш сум потготвена да го подготвам она што Иван и Ѓорѓе најмногу го сакаат. Викендите ги посветувам на нив. Имаме 2 омилени јадења, тоа се турли тава и подварок. Тоа е нешто што Ѓорѓе го наследил од детството.

Бекстејџ : Покрај љубовта, интересот кон политиката, Mаја и Ѓорѓе ги поврзува и вкусот за музика.

Маја Иванова: И јас и Ѓорѓе ја сакаме класичната музика и џезот. Иван свири гитара и интересно е тоа што и тој ја сака музиката од нашата младост. Пред да дојде на оваа функција Ѓорѓе, концертите беа наша релаксација, од сантана и Пинк Флојд до Бјело Дугме.

Бекстејџ: Претседателската резиденција не значеше промена на семејниот живот во целост. Калинките од Валандово сеуште ги поврзуваат со сите.

Маја Иванова: Како човек не се промени воопшто. Единствено се промени нашето слободно време кое сега го имаме многу малку. Ако имате изграден цврст карактер неможе да ве промени ништо па дури ни претседателска функција. Се дружиме онолку колку што ни дозволува времето. 

Бекстејџ: По примерот на светските први семејства, светските први дами и Македонија има свое прво милениче.

Маја Иванова: Вообичаено е за сите претседателски семејства на подарок да добиваат Шарпланинец, раса препознатлива за Македонија. Така и ние на подарок го добивме Алек. Отсекогаш сакавме домашно милениче но претходно бидејќи немавме услови, живеевме во стан немавме домашно милениче. Сека и Алек е дел од семејството.

Бекстејџ: Покрај Професионалните обврски, обврските кон државата и семејството на Маја сепак и останува доволно време и простор за да си посвети внимание и себеси.

Маја Иванова: Отсекогаш го сакав класичниот начин на облекување.Практикувам костуми и мислам дека тука може најмалку да се погреши затоа што секогаш имате една целина во облекувањето.Во гардеробата несакам да експериментирам. Коментари за мојот изглед имало и ќе има. Добронамерните ги прифаќам и се трудам нешто да променам. За лошите коментари подигам ѕид и едноставно не дозволувам да допрат до мене и моето семејство.

Бекстејџ :Успехот на Ѓорѓе Иванов за нив е најголем семеен упех. Простор за каење нема, ниту пак желба за нејзино политичко активирање во македонската политика наскоро.
 
Маја Иванова: Никогаш ниту жалев ниту ќе жалам затоа што не напредував во кариерата. Успехот на Ѓорѓе е и мој успех а и успех на синот. Со самото тоа што Ѓорѓе одеше напред јас се подредив на семејството.

Маја Иванова одблиску само за Бекстејџ. Топлината во семјниот дом, љубовта кон семејството, заедничката радост на успехот е она што ја прави Маја единствена. Она што покажува дека не секогаш качувањето по скалилата на успехот, достигнувањето на врвна кариера е причина за промена на најважните човечки особини.

Најголемо достигнување за една демократска земја како Македонија е лидер со вистински човечки вредности и прва дама до него со развиено чувство за зачувување на истите!

 

Оливера Трајковска во естрадниот магазин Бекстејџ...