Бекстејџ ви го честита Денот на независноста...

Happy Day за Пол Ван Дајк

Три години по спектакуларниот настап во Македонија, светскиот диџеј број еден Пол Ван Дајк на 1 ви август во Охрид. А денес, 14 ти јули, ни помалку ни повеќе, Happy Day! Денес, влезницата за настапот на ова светско диџејско име е по цена од 700 денари. Секој нареден ден, влезниците ќе се продаваат по цена од 800 денари а на оние на кои во последен момент ќе им текне да бидат дел од овој летен спектакал, на врата влезниците ќе си ги купат по цена од 800 денари.

Во рамките на неговата светска турнеја, Греми номинираниот диџеј на 1-ви август настапува во Охрид на Грин Бич фестивалот, и тоа на специјално дизајнираната плажа Парк.
Мајсторот на микс хармониите ќе ги почести охриѓани и многубројните гости во Охрид со свој неколкучасовен сет. 39годишниот Пол Ван Дајк е водечки светски диџеј, музичар и продуцент. Единствен е по фактот што од 1998-ма година секогаш се наоѓа во Топ 10 листата на најдобрите светски диџеи, добивајќи ги титулите Best International DJ, Man of the year, Leader of the Trance Nation, America’s Favorite DJ, DJ Mag No 1 DJ, Best Producer Award, Best record label, Best album by trance awards... и многу други.

Влезниците за неколкучасовниот спектакал на овој светски диџеј, можете да ги најдете на добро познатите продажни места, Југотон, Розе Веро 2, Камарад Рамстор, Tobacco Together салоните, Змија, Living Room и уште неколку други места. Ама денес побрзајте. Денес Happy Day за големиот Пол Ван Дајк!
 

Еден од настаните кои дефинитивно го одбележаа лето 2010, беше журката со легендарниот Дејвид Моралес, на Немо плажата во Охрид.