Контроверзниот станар Радашин Мирковиќ од ралното шоу Големиот брат вечерва во 18.45 гостува во естрадниот магазин Бекстејџ во 18.45. Тој во разговор со нашата новинарка ги открива сите каприци, згоди и незгоди...

Грчки хакери го нападнаа сајтот на 50 Цент

На официјалниот сајт на светската рап ѕвезда 50 Цент, www.50cent.com е направен упад од интернет хакери. Хакерите, очигледно од политички причини, на листата на градовите и државите каде што 50 Цент ќе настапува, до името Скопје додале Грција, а до Белград Југославија. Овој упад е направен во делот каде е најавена целата светска турнеја.

-  Ние веднаш реагиравме во Европскиот дел на менаџентот на 50Цент, ни рекоа од Авалон продукција. Од таму не известија дека од самото поставување на концертот на веб сајтот, каде што стоеше Скопје- Македонија биле бомбардирани со мејлови од Грција дека Македонија не постои и дека треба наместо Македонија да стои ФИРОМ. Очигледно е дека сајтот пробиен од некои луѓе кои размислуваат во тој правец. Исто така, тие ветија дека веднаш ќе биде вратено Македонија и дека ќе пробаат да го заштитат сајтот уште веднаш", ни рекоа од "Авалон продукција" кои го организираат концертот на раперот во Скопје, кој ќе се одржи на 31-ви март во салата Борис Трајковски. По нивната реакција, денеска на сајтот повторно стои Скопје -Македонија.

Од Авалон додаваат дека за половина од концертите на светски ѕвезди што ги работат во Македонија, имаат слични проблеми. За секоја објава на уставното име на нашата држава следи огромен број на навредливи и заканувачки мејлови, на кои Грците инсистираат да стои името со кое сме признати во Обединетите Нации.
 

  1. Врчак и ДНК - Јас сум ист
  2. Емина Јаховиќ и Мерлин - Мед
  3. Роберт и Адријан - Верував
  4. Даниел Стојмановски - Се што ми треба
  5. Владо Георгиев - Без тебе

Александар Краишник, единствениот преживеан, со ексклузивно интервју за Бекстејџ на само неколку минути по победата во втората сезона на реалното шоу Преживеан...