Гратис влезници за Пол Ван Дајк
Светскиот диџеј број еден Пол Ван Дајк повторно во Македонија. Овој пат благодарение на Lithium Records I Octopussy Entertainment на 1ви Август мајсторот на микс хармониите, на плажата Парк во Охрид со неколку часовен сет ќе ја забавува македонската публика.
Во рамките на светската турнеја, Volume World Tour 2010 настапот во Охрид ќе биде совршен микс од нешто ново нешто веќе добро познато.
Греми номинираниот диџеј, на своето последно ЦД ги собра сите досегашни успешни соработки од минатото и од направи незаменлива коомбинација освежена и со нови траки.

Во 1984 та година, Пол Ван Дајк запознава девојка која денес е негова сопруга. Во исто време ја вади траката For an angel, која две години подоцна станува вистински хит. Денес, ремиксот на овој хит се наоѓа на Volume. За да приказната биде целосна, во Охрид, како дел од концертната турнеја Volume World Tour 2010, Ван Дајк доаѓа заедно со сопругата. За да пак впечатокот биде целосен, естрадниот магазин Бекстејџ и Lithium Records доделуваат две гратис влезници за овој најголем електронски спектакал летово. Се што треба да направите е точно да одговорите на прашањето:
1. Како се вика сопругата на светскиот диџеј број еден, Пол Ван Дајк со која тој доаѓа во Охрид?
Оние кои што се многу добро информирани или најголеми фанови на Ван Дајк или пак најбрзи на google, одговорите на прашањето нека ги испраќаат на нашиот маил backstage@sitel.com.mk Само двајца од Вас, ќе ја имаат таа привилегија Пол Вaн Дaјк да го слушаат а неговата сопруга да ја гледаат гратис. Имињата на двајцата добитници ќе ги објавиме во понеделник на нашиот сајт backstage.com.mk. Имате цели 3 дена да ги испраќате одговорите.

Освен одговор на прашањето, маилот треба да ги содржи и вашите лични податоци како име, презиме, адреса и телефонски број. Не за друго, за да можеме да ве контактираме. И најважното, доволно е ако испратите САМО еден маил. За останатите кои пак и нема да бидат така брзи, влезници можете да најдете по цена од 800 и 900 денари.
А потоа, ништо други не преостанува освен да се препуштите на Volume и да му дозволите на Пол Ван Дајк по вторпат во Македонија да го оправда епитетот светски диџеј број 1.
1 ви август, плажа Парк – Охрид. Читајте backstage.com.mk и Lithium records нека ве наградат за тоа!!!!
















