Емилија Ванчова и Маја Божиновска  се добитничките на последните две гратис влезници за настапот...

Голем концерт на Калиопи и Карамазов во Сараево

На официјална покана на селекторот на Интернационалниот фестивал “Сараевска зима 2010”, првата дама на македонската музика Калиопи и најдобриот светски лаутист Един Карамазов на 24 февруари ќе одржат голем концерт во Босанскиот културен центар во Сараево.

По промоциите во Скопје и Загреб, ова е трета промоција на албумот “Oblivion”, кој за територијата на Босна и Херцеговина го издаде реномираната дискографска куќа Сити Рекордс.

Заедно со Калиопи и Карамазов, на концертот ќе настапат и хрватскиот гитарист Дарко Пелужан како и босанскиот контрабасист Давор Бошњаковиќ.

Албумот “Oblivion” веќе е во продажба во сите ЦД шопови на Сити Рекордс и поголеми музички продавници во Босна и Херцеговина.

Оливера Трајковска во естрадниот магазин Бекстејџ...