Балканската легенда, Дино Мерлин, пред престојниот концерт на 18 септември во Метрополис арената во Скопје, подготвен за голема журка...

Гоца Тржан отиде под нож

На неодамнешното гостување во еден шоу програм на телевизија Фокс, поп-пејачката Гоца Тржан ги освои симпатиите и комплиментите како на гледачите, така и на публиката во студиото.

Сите се согласиле дека таа вечер едноставно блескала, но со внимателно набљудување на нејзиното лице, добар дел од присутните приметиле дека пејачката направила некои естетски корекции.

- Гоца пред извесен период направи контурирање на лицето, поточно биопластика. Во локалната анестезија и уфрлиле постојан материјал кој се лепи за коските на лицето и на тој начин обезбедува "трета димензија на лицето". Така се задебелуваат брадата, вилиците или јаболчниците, што е во нејзиниот случај направено.
Во најстрога дискреција ја закажа контурацијата, а бидејќи не се прави со општа анестезија, веќе по неколку часа беше пуштена дома. Единствено не смееше следните три дена да спие на таа страна на лицето.
Како што и сама најави на својот Фејсбук профил, Гоца сака својата линија сака да ја доведе до совршенство, затоа што постојат сериозни индикации дека ќе се појави во првиот VIP серијал на реалното шоу Survivor. Напорно тренира веќе подолго време, речиси секој ден е во теретана за да што подобро се подготви за сите искушенија кои ја очекуваат ако биде учесничка на споменатото шоу - изјавува извор близок до атрактивната пејачка и додава дека сите имаа можост да го видат новиот изглед на Гоца премиерно на ТВ Фокс, како и тоа дека неколку дена по операцијата се плашела дека постои можност за постоперативни компликации.

- Лекарите ја советуваа недела дена по операцијата да не става кациги на глава или други предмети кои би можеле да го потиснат ткивото. Постоеше можност да и се јават хематоми и изливи, што е нормален постоперативен тек, но фала му на Бога, сето тоа го избегна - завршува изворот кој поради разбирливи причини инсистирал на анонимност.

Еден од настаните кои дефинитивно го одбележаа лето 2010, беше журката со легендарниот Дејвид Моралес, на Немо плажата во Охрид.