Емилија Ванчова и Маја Божиновска  се добитничките на последните две гратис влезници за настапот...

Ѓорѓи со коктел - забава за третиот албум

Во опуштена атмосфера, во друштво на многу пријатели, Ѓорѓи Крстевски во ресторанот "Рагуза", го промовираше третиот албум "Она најдоброто од нас".

Ѓорѓи е комплетен автор на сите девет песни, а за носечката тема "Мила моја" беше промовиран и видео спотот. Во видеото, главен лик е неговата девојка и асистентка Розе, која по традиција се појавува во последните неколку спотови на Ѓорѓи. 

Материјалот, Ѓорѓи го претстави како интимен и направен од срце и рече дека неговите фанови самите ќе се уверат за што се работи кога ќе го слушнат. Од она што до сега успеаавме да го преслушаме, Ѓорѓи уште еднаш ги има нашите честитки за песните во кои секој од нас може да се пронајде.

Поп-пејачот и композитор летово интензивно ќе го промовира новиот материјал по дискотеките низ Македонија со концертни настапи летово. На есен, тој на својата публика и ветува концерт во Универзалната сала во Скопје.  

 

Оливера Трајковска во естрадниот магазин Бекстејџ...