Бекстејџ ви го честита Денот на независноста...

Филип и Симона гратис на Ван Дајк

Филип Трпковски и Симона Јовановска се двајцата среќни добитници кои на 1 ви август ќе го слушаат гратис Пол Ван Дајк во Охрид.

И двајцата точно одговорија на прашањето, како се вика сопругата на Пол Ван Дајк. Со оглед на тоа дека повеќе од 100 луѓе испратија точни одговори, естрадниот магазин Бекстејџ заедно со Lithium records решија во текот на оваа недела да доделат уште четири влезници. Следното прашање што ќе ви донесе гратис влезница ќе го најдете утре, на   www.backstage.com.mk  А одговорот на истото, доколку не го знаете или на Google или во рамките на естрадниот магазин Бекстејџ.

На 1 ви август, светскиот диџеј број 1 Пол Ван Дајк ќе настапи во Охрид на плажата Парк. Благодарение на Lithium records и Octopussy entertainment, Пол Ван Дајк ќе приреди незаборавен електронски спектакал, по втор пат во Македонија. Овој пат тој во Охрид доаѓа заедно со сопругата Наташа Ван Дајк.

Цената на влезниците е 800 денари до журката и 900 денари веќе на влез. Уште четворица среќни гледачи на Бекстејџ и читачи на Backstage.com.mk, ќе ја имаат таа привилегија, Ван Дајк да го слушаат гратис. Утре, Backstage.com.mk, Lithium Records го наградува вашето знаење! А Бекстејџ вашата упорност
 

Еден од настаните кои дефинитивно го одбележаа лето 2010, беше журката со легендарниот Дејвид Моралес, на Немо плажата во Охрид.