Фифти Сент во филм за рагби
Раперот Фифти Сент, чие вистинско име е Куртис Џексон, ќе глуми во филм за рагби со наслов "Се се распаѓа" чие снимање е закажано да започне во мај во Мичиген. На 31-ви март Фифити Сент ќе гостува на концерт во Скопје.
Филмот е за познат рагби играч кој ќе го глуми Фифти Цент, кој се соочува со лична трагедија и со сопствената смртност во последната година на колеџ.
Раперот вели дека дека филмовите го привлекуваат поради тоа што нудат поголема можност за раскажување на приказна за разлика од музиката. "Имате 90 минути и 120 страници на располагање, во споредба со трите минути за песна. Јас многу ги засакав филмовите.
Претходно тој глумеше во "Збогати се или умри обидувајши се", "Оправдано убиство" и "Дванаесет".

















