Емилија Ванчова и Маја Божиновска  се добитничките на последните две гратис влезници за настапот...

Фара Фосет погребана во Лос Анџелес

Актерот Рајан О'нил во вторникот ги предводеше пријателите и роднините на приватната погребна служба за актерката Фара Фосет, која почина минатата недела на 62-годишна возраст по долгата битка со ракот.

О'нил, долгогодишен животен сопатник на ѕвездата од "Чарлиевите ангели", беше еден од носачите на ковчегот и читаше на службата која се одржа во римокатоличката Катедрала во Лос Анџелес.

Редмонд О'нил, 24-годишниот син на Фосет од претходниот брак, беше на кусо ослободен од затвор каде отслужува казна за поседување дрога, за да може да присуствува на погребот.

Следната година во мај, на американските телевизии ќе се прикажува личниот видео-дневник за нејзиното лечење.

 

Оливера Трајковска во естрадниот магазин Бекстејџ...