Емилија Ванчова и Маја Божиновска  се добитничките на последните две гратис влезници за настапот...

Faithless во Скопје на 23-ти април

Најголемиот денс состав на денешнината,ја покренува својата live машинерија во вид на нова голема светска турнеја токму од Скопје. На 23 април Фејтлес доаѓаат во Скопје!  
 
На желба на бендот, кој беше воодушевен од приемот на публиката во овој дел од Европа, менаџментот на бендот, побарал од агентот Авалон Продукција да ги организира првите два концерта во Скопје и Белград.
 
Единствениот услов беше салите да бидат што е можно помали, за што поблизок контакт со публиката. Поради тоа Скопскиот концерт на 23-ти април ќе биде во Универзална сала со изваден партер со максимален капацитет од 1700 посетители, што само по себе зборува за есклузивноста на овој концерт. По Скопје и Белград, (сала Еxpo 24 април - 2500 капацитет) Faithless ќе свират претежно арени и големи фестивалски сцени од 50 000 до 100 000 капацитет. Следниот куроизитет поврзан со овој концерт е фактот што продажбата на влезници започнува на 25-ти февруари во 9 часот наутро, заедно со продажбата за влезниците за целата светска турнеја, што е прв случај во Македонија. Оние најголеми фанови на Faithless дури ќе можат да обезбедат влезници уште од утре преку сајтот на бендот поврзувајќи се со линкот за Македонија, по цена од 1000ден. стоење и 1500ден. седење.

Оливера Трајковска во естрадниот магазин Бекстејџ...