Емина, Милан и Жељко Васиќ на Српски Евросонг
Српскиот весник "Блиц" неофицијално дознава кои тројца пејачи ќе се борат за титулата Српски претставник на Евросонг 2010. Помеѓу десетте пејачи кои Горан Бреговиќ и РТС телевизија ги викнаа на кастинг, во емисијата на 13-ти март ќе запејат Емина Јаховиќ, Милан Станковиќ и Жељко Васиќ.

Оваа година, во последен момент србите одлучија да не прават шоу во сала, туку ТВ шоу. Според "Блиц" во емисијата која е наречена "3 па 1 за Осло", тројцата наведени пејачи имаат најмногу шанси за потесниот избор. Водителката на Тв шоуто, Маја Николиќ, лицето од Утринската програма на РТС, вели дека на гледачите ќе им биде понудена фантастична програма.
- Во првиот дел од емисијата "Три па еден за Осло", гледачите ќе можат да видат како изгледаат кастинзите, или како течеше самиот избор. Со самото тоа ќе им биде доближена атмосферата во куќата на Горан Бреговиќ и ќе им биде претставен најинтересниот материјал од пробите и од избирањето на пејачите. Потоа следи гласањето помеѓу кое ќе има фантастична програма со ѕвездите: Чолиќ, "Регина", Северина, Марија Шерифовиќ", рекла Маја.

















