ЕЛВИР И СЕЛМА ДУЕТ НА ГОДИНАТА
На традиционалното доделување на Оскарите на популарноста во Бања Лука, Елвир Мекиќ и Селма Бајрами ја добија наградата за дует во годината.

Во оваа категорија покрај Елвир и Селма се најдоа имињата и на Емина Јаховиќ и Саша Ковачевиќ (Још ти се надам) , Шако и Дадо Полумента (Она је лепша од ноќи), Дино Мерлин и Хари Мата Хари и многу други.
Меѓу сите нив Елвир и Селма го понесоа приматот за дует на годината за песната „ Шта је од Бога добро је”. Манифестацијата со свој настап ја збогатија познати музички имиња од Балканот, меѓу кои Јелена Карлеуша, Хари Мата Хари, Халид Беслиќ, Карма, Ацо Пејовиќ и многу други.



-1.jpg NASLOVNA.jpg)













