Омилениот подиум во Скопје, роденденот го прослави со светскиот диџеј Gene Farris...
 

Еден ден до Пол Ван Дајк

Еден ден до најголемиот електронски спектакал летово. Пол Ван Дајк на плажата Парк во Охрид. Охрид викендов, очекувано преполн. Во исчекување на настапот на најголемиот светски диџеј, за кој организаторите Lithium records и Octopussy entertainment најавуваат неколкучасовен електронски хепенинг со досега невидено 3D шоу во вода. За овој настан, плажата Парк е специјално декорирана и секако со зголемен капацитет.

39 годишниот диџеј, музичар и продуцент, чија листа на успешни соработки ги вклучува имињата на Justin Timberlake, David Byrne, U2 и Depeche Mode. во Охрид покрај старите добро познати траки ќе го промовира и своето најново ЦД The best of Pol Van Dyk, Volume. Светската Volume World Tour на Ван Дајк, го вклучи и Охрид.

Диџејот Македонија ќе ја посети вторпат. Пред три години, неговото гостување во Струга остана и те како запаметено. Несомнено ќе остане и ова. Пол Ван Дајк, помеѓу останатите светски познати диџеи е единствен по фактот што од 1998 година, не се симна од листата на 10 те најдобри диџеи во светот.

Во Охрид, Ван Дајк доаѓа со својата сопруга Наташа Ван Дајк, која воедно својот вокал, досега неколкупати го смести во ремиксите на мајсторот на електронските микс хармонии.

Еден од настаните кои дефинитивно го одбележаа лето 2010, беше журката со легендарниот Дејвид Моралес, на Немо плажата во Охрид.