Џастин ја крстил модната линија по дедо му
Џастин Тимберлејк во понеделникот во Лондон ја презентрираше неговата најнова модна колекција што ја дизајнираше заедно со Трејс Ајала.
Колекцијата "Вилијам раст" ја промовираше на модната ревија во стоковната куќа "Селфриџис" во Лондон. Модата, по музиката е позната како втора страст на пејачот. Сега може да додаде уште едно достигнување на неговото резиме-моден дизајнер.
Во 2005, Џастин го основа брендот "Вилијам Раст" заедно со долгогодишниот пријател и деловен партнер, Трејс Ајала.
Името на модната линија, позната по ексклузивните фармерки, е во чест на двајца многу важни мажи во нивните животи - нивните дедовци.
- Јас и Трејс си ги обожаваме дедовците" вели Џастин. "Дедо ми се вика Вилијам, а дедо му на Трејс се презива Раст, и ние направивме комбинација од имињата". Џастин најудобно се чувствува во неговите фармерки "Бен" од линијата "Вилијам Раст".

















