Балканската легенда, Дино Мерлин, пред престојниот концерт на 18 септември во Метрополис арената во Скопје, подготвен за голема журка...

Два дена до големиот Пол Ван Дајк

Емилија Ванчова и Маја Божиновска  се добитничките на последните две гратис влезници за настапот на светскиот диџеј Пол Ван Дајк во Охрид.

Овде завршуваат гратисите од Lithium Records, Octopussy entertainment и естрадниот магазин Бекстејџ. Сите вие што добивте влезница забавувајте се. За сите останати, доколку набавите влезница до утре ќе ве чини 800 денари. Доколку се решите да си купите влезница на самиот старт на журката, истата ќе ве чини 900 денари. Како и да е. Вреди за да бидете дел од најголемото електронско случување летово. Светскиот диџеј број еден, мајсторот на микс хармониите, Пол Ван Дајк на 1 ви август на плажата Парк во Охрид. Благодарение на Lithium Records, Octopussy entertainment, специјално декорираната плажа Парк, се најде како една од дестинациите во рамките на светската турнеја на Ван Дајк Volume World Tour 2010.

39 годишниот водечки светски диџеј , музичар и продуцент, во Охрид ќе приреди неколкучасовен електронски спектакал.
Листата на Пол Ван Дајк, вклучува соработки со светски познати имиња како, Justin Timberlake, David Byrne, U2 и Depeche Mode.

Единствениот диџеј кој што од 1998 та година не се симна од листата на 10 те најдобри диџеи во светот, по втор пат доаѓа во Македонија. Не го пропуштајте!
Пол Ван Дајк на 1 ви Август на плажата Парк во Охрид во рамките на летниот Green Beach Festival! Бекстејџ ќе биде таму, бидете и вие!

Еден од настаните кои дефинитивно го одбележаа лето 2010, беше журката со легендарниот Дејвид Моралес, на Немо плажата во Охрид.