Дуле и Коки и Ристе предгрупа на Бјело Дугме
Кад би био Бјело Дугме закажан на 31 јули во Охрид. Организаторите ветуваат четири часовно шоу со Бебек, Ален и Тифа. Веќе загреаната публика, пред југослеовенските легенди ќе ја забавуваат и предгрупите Дуле и Коки како и Ристе со четири член бенд.

За сите нив, овој настап е огромна чест како и одговорност. Иако се препознатливи по нивните свирки кои во никој случај не поминуваат без песните на оваа јулословенска група сепак тремата е присутна.
Задоволството е огромно и пресреќни сме што План Б продукција не повика да настапуваме пред големите членови на Бјело дугме велат тие.
Влезниците за овој мега спектакал се пуштени во продажна на добропознатите места по цена од 500 и 600 денари. 31 август, Охрид и стадионот Билјанини извори ќе бидат центар на случувањата, добрата забава, незаменливи стихови и спомени.
Пред да биде доцна, набавете влезници. Бидете и Вие дел од Кад би био Бјело Дугме. За да не ве раскажуваат на Вас, раскажувајте Вие!!!
















