Драгана Катиќ последна на одмор
Познатата српска водителка Драгана Катиќ на одмор заминува последна. Водителката на “Grand show“ сеуште не размислува каде ќе летува затоа што реновирањето на нејзиниот стан е во полн ек. Новиот стан на Катиќ на Карабурма, е причината зошто водителката летувањето со своите синови Бобан и Бојан го чува за крајот на летото.
За медиумите Драган изјавила дека од 1 јуни контактира со луѓето одговорни за новиот изглед на нејзиниот стан. Таа се надева дека работите на Карабурма ќе завршат навреме за да може кон крајот на месец август да замине на неколку дена одмор во Турција.
И додека колешките на оваа Гранд водителка веќе се сончаат по европските и светските плажи, Катичка бира плочки за купатило и масички за собата за дневен престој. Ама затоа пак, во август првин ќе ужива во нов и освежен стан а потоа заедно со синовите на некоја од турските плажи.
















