Доктор Хаус ќе стане музичар
Јунакот од серијата Доктор Хаус, Хју Лори, ќе снима блуз албум со музика инспирирана од Њу Орлеанс. Договор за снимање на овој албум актерот потпишал со дискографската куќа Ворнер и притоа напоменал дека е свесен за ризикот со кој актерите снимаат албуми но ветува дека никој нема да биде повреден.

И покрај совршениот американски акцент во серијата Доктор Хаус, Хју Лори е британски актер кој пред три години ја доби титулата витез во редот на Британското царство.
И во серијата, Лори ги покажува своите музички квалитети свирејќи клавир и гитара.

Почетокот на овој месец, Хју Лори го одбележа и со петтата по ред номинација за наградата Еми, за својата улога во ултра популарната серија Доктор Хаус.
Ќе ја направи ли и музиката од Њу Орлеанс исто така популарна како и серијата што сруши рекорди на гледаност, останува да слушнеме по излегувањето на албумот на познатиот доктор.
















