ДНК во Планет
Во сабота за прв пат оваа сезона момците од аренби дуото ДНК, Панчо и Андреј, заедно со продуцентот на нивниот нов албум „Кажано е се“- Врчак ќе имаат концертен настап во еден од
најголемите клубови во Охрид-Планет.

Минатиот петок ДНК имаа одлична промоција на албумот во истиот клуб, а оваа сабота нивните обожаватели ќе ги очекува незаборавна журка со добропознатите заеднички хитови со Врчак- Навлечен на тебе, Луда, Пази се од мене, Змеј, Сама, Препушти се на мене, но и со другите нивни хитови.
Со овој настап ДНК ја продолжуваат веќе започнатата летна концертна турнеја за промоција на новиот албум која ќе трае до крајот на август. Обожавателите на Панчо, Андреј и Врчак можат да се информираат за концертните настапи и за се поврзано со нивната кариера на
фицијалните веб страници: www.dnk.com.mk и www.vrcak.com.mk
















