Дејвид Моралес вечерва во Бекстејџ
Диџејот кој од своја 13 та година животот го посвети на музиката па соодветно на тоа првиот што ја доби титулата Суперстар диџеј, Дејвид Моралес, вечерва со ексклузивно интервју во естрадниот магазин Бекстејџ.

Наместо во училиште Моралес растел по кафулиња, наместо во војска, со траките низ светските клубови и дискотеки. Зошто едни земји останаа оригинални кога е во прашање музиката а зошто остатокот од светот се придружи на колективната комерцијализирачка експанзија.

Од кого Моралес учеше а на кого сега тој држи лекции?
Ако сакате да дознаете зошто Моралес толку често е на Балканот а посебно кај нас во Македонија и зошто во Охрид е подобро отколку на Ибица, тогаш вечерва, во 18 часот и 40 минути гледајте Бекстејџ.
















