Естрадниот магазин Бекстејџ не постои во програмската шема на дневните весници Време и Шпиц. Случајно или намерно...

Дани: Лазе и Јуре се моите срца две

Дани е следна соговорничка во рубриката: Отворено со. Атрактивната музичка ѕвезда во следниве редови отворено зборува на теми за кои до сега за јавноста биле само тајна.

- Дали помеѓу тебе и Кристина Арнаудова постои ривалство поради тоа што Весна Малинова е автор на поголемиот дел од вашите хитови, во смисла која песна на кого да се даде?

Дани: Од моја страна апсолутно не, не само спрема неа туку не чувстувам апсолутно никакво ривалство спрема ниту еден пејач на кого Малинова му направила песна а и воопшто. Моите песни се правени се за мене. Личат на мене карактерно и стилски а во текстовите секогаш има биографски моменти. И моите песни нема да звучат така како што звучат, ако ги пее некој друг. Моите и нејзините песни се сосема различни како што сме и ние две различни во секој поглед.

- На промоцијата на новиот албум, дали конечно ќе се гушнеш, бакнеш и фотографираш пред јавноста со твојот Јуре?

Дани: Никогаш не го криев мојот дечко, едноставно ја сакав интимата за себе. Тоа е принцип до кој се држам заштитувајќи се себе и своите најблиски.
 
- Те нервира ли кога весниците се занимаваат со тоа дали си се здебелила или си ослабела?

Дани: Да, понекогаш. Сметам дека тоа е погрешно усмерена енергија. Погрешни вредности. Се чувствувам како да е тоа многу поважно отколку моите достигнувања.
 
-  Која твоја колешка е посекси: Елена или Каролина?

Дани: Различни се во се, нема споредба. И тоа е работа на на вкус. Нивните уметники изразувања сметам дека се тема од поголемо значење.
 
- Според тебе: најдобар женски и машки вокал на македонската естрада е кој?

Дани: Уфф...според мене на нашава естрада секој е значаен и впечатлив на свој начин. Некои се истакнуваат со гласот, некои со стасот, ентертаинмант, стил, харизма итн. Не сум ги анализирала моите колеги до детали за да би можела да кажам кој ги содржи сите компоненти, т.е. кој е најдобар...а и тоа е работа на вкус, не знам. Битно јас ги почитувам сите.
 
- Има ли колега или колешка од мак поп-рок сцена со кој (која) не разговараш и се одминувате кога ќе се сретнете на улица?
 
Дани: Не.

- Најромантично нешто што си го направила за твојот партнер...

Дани:
Деби албумот е посветен на Јуре и Лазе (срца две)
 
- Ќе стане ли Дани светска музичка ѕвезда?

Дани:
Приземноста ми е средно име. Одбегнувам да размислувам што би било, дали ќе и кога. Јас сум задоволна со досегашниот музички успех предводен од ме, мѕселф & И. (мојата музика, енергија и искреност) без ниту еден таканаречен менаџер во позадина. Тоа и не е така едноставно во овие времиња.
 
- Која твоја песна најмногу те отсликува како личност?

Дани:
Во сите мои песни сум јас. Сите мои песни се со реални приказни, отсликуваат нормални човечки емоции. Песните се правени и инспирирани од моето секојдневие. Можеби не целосно, но тоа е за да им се даде можност на слушателите да се пронајдат во нив.
 

  1. Врчак и ДНК - Јас сум ист
  2. Емина Јаховиќ и Мерлин - Мед
  3. Роберт и Адријан - Верував
  4. Даниел Стојмановски - Се што ми треба
  5. Владо Георгиев - Без тебе

Александар Краишник, единствениот преживеан, со ексклузивно интервју за Бекстејџ на само неколку минути по победата во втората сезона на реалното шоу Преживеан...