Емилија Ванчова и Маја Божиновска  се добитничките на последните две гратис влезници за настапот...

Дани ќе снима документарен филм во Судан

"Не живеам за другите" е новата песна на рок ѕвездата Дани, која деновиве ќе се промовира на радио станиците. Работена е со Весна Малинова, а Дани вели дека ова песна е различна од сите нејзини други.   

Уште една новост за Дани е тоа што на 30-ти март заминува за Дубаи на годишната конференција на УНФПА, во кампањата за борба против сидата, каде што има обврска како амбасадор на оваа кампања и младинската регионална мрежа, да размени и да сподели искуства со останатите, како и да ги раскаже сработените настани во текот на 2009 година. Освен тоа, Дани ќе снима документарен филм, ист каков што пред неколку години снимија Шакира и Анџелина Џоли.

- Мојата инволвираност во оваа тематика интензивна е веќе 4 години, па како искусен амбасадор, доделена ми е задача (заедно со Ана Станиќ, пејачката од Србија) да одиме во Судан, живеејќи и споделувајќи го целото време посветено на инфицираните лица, посети во болници и нивните живеалишта. Предупредени сме за тежината на овој проект кој не е нов, а истово ова пред години го правеле и  Анџелина Џоли и Шакира. Јас сум возбудена и едвај чекам, без оглед на лошите услови. На конференцијата во Дубаи ќе ги договараме сите детали околу документарниот филм, во кој, освен мене, ќе се појави и Ана Станиќ", раскажува Дани.  
 

Оливера Трајковска во естрадниот магазин Бекстејџ...