Познатиот некогашен имитатор на Благица Павловска и Сузана Спасовска – Зоран Атанасовски попознат како Монси, ќе го тужи естрадниот магазин Бекстејџ. Имено, тој лично се препознал во...

Четкар снима албум во Њујорк

Охридскиот гитарист Владимир Четкар, заедно со францускиот диџеј Димитри Фром Парис и легендарниот Том Моултон го снимаат најновиот проект на Димитри Фром Парис чија што светска промоција ќе се случи во aприл под капата на Defeced Records.

Ова е најпознатата музичка куќа во светот за соул, хаус и диско музика.

Снимањето се одвива во Dubway Studios во Њујорк. Четкар во овој проект е оркестратор-аранжер и гитарист. Во Студиото покрај Димитри Фром Парис, Четкар ја имаше честа да соработува со Том Моултон, легенда која во музичката историја е эапишан како Таткото на Денс ремиксот, и е еден од клучните фигури во историјата на популарната музика, посебно кога станува збор эа Диско ерата.

По овој проект, Четкар со својот квартет ќе има серија концертни настапи во Бостон, Вашингтон, Њујорк и Чикаго каде што ќе се претстави со авторска музичка програма.

  1. Врчак и ДНК - Јас сум ист
  2. Емина Јаховиќ и Мерлин - Мед
  3. Роберт и Адријан - Верував
  4. Даниел Стојмановски - Се што ми треба
  5. Владо Георгиев - Без тебе

Александар Краишник, единствениот преживеан, со ексклузивно интервју за Бекстејџ на само неколку минути по победата во втората сезона на реалното шоу Преживеан...