Чарли Шин на рехабилитација
Актерот Чарли Шин, доброволно заминал на рехабилитација на неколку недели, но не е прецизирано поради кој проблем.
Шин (44) на крајот на декември беше приведен во полиција поради кавгата со сопругата Брук Мјулер, која во моментов се наоѓа на одвикнување од штетни супстанци.
Двојката се венчаше во 2008 година, и ги имаат близнаците Боб и Макс, кои во март ќе наполнат една година. ПР-от на актерот не соопштил кој во моментов се грижи за децата, затоа што на рехабилитација се и двајцата родители.
Шин од почетокот на деведесетите години се бори со демоните. На тогашната девојка Кели Престон и пукаше во раката, во 1994 неговото име исплива во агендата на холивудската мадама Хајди Флајс, а две години потоа порно ѕвездата Бритни Ешленд ја обвини дека ја тепал. Откако во 1988 година ја зема првата доза на кокаин, сега прв пат замина на рехабилитација.

















