Цетински горд татко

Познатиот хрватски пејач Тони Цетински во интервју за хрватскиот дневен весник Вечерњи лист открива дека за себе смета дека е горд и внимателен татко. Цетински признава и дека не постои разлика во неговиот однос со своите деца: малата Пиа и синот Кристијан од првиот брак. Со него вели дека има многу добар и пријателски однос.
Во овој момент Тони Цетински има и телевизиски ангажман како член на жири во гламурозното шоу Хрватска во потрага по ѕвезда, но тоа не му пречи да изјави и дека редовно е со својата принова. Наоѓа време и да си поигра, па горд е што токму малото бебенце првиот збор кое што го изговорило било токму Тато.
- Иако мама е постојано со неа, малата Пиа изговори Тато! Уште кога ја правев знаев сдека ќе биде девојче – низ шега коментира Цетински за Вечерњи лист

















