Балканската легенда, Дино Мерлин, пред престојниот концерт на 18 септември во Метрополис арената во Скопје, подготвен за голема журка...

Цеца во фустан на ЈК

На фестивалот на пивото, кој годинава по 8 ми пат се одржа во Прилеп, несомнено, Цеца беше најголемата ѕвезда. На сцената блесна во сина креација на Маријана Матеус. Ги воодушеви сите, отпеа, ги собра парите и замина на летување.

 

До овде се беше одлично и по план....се додека српските медиуми не ја најдоа музата на Маријана матеус за оваа „ексклузивна“ креација на Светлана Цеца Ражнатовиќ. Истиот овој фустн пред, пред две години, го креирал дарко Костиќ за снимањето на спотот на Јелена Карлеуша за песната „Тихи Убица“.

За српскиот „Курир“ Костиќ изјавил дека веќе навикнал на плагијати на неговите креации насекаде околу него но за жал законски неможе да стори ништо.

Креаторката пак, Матеус, во своја одбрана, за истиот овој српски дневен весник, изјавила дека не знае за што станува збор, но спотот на Јелена и нејзиниот фустан сигурно не и биле инспирација. Маријана вели дека фустанот го направила сама и тврди дека неможела да го копира Костиќ затоа што пред две години таа и не живеела во Србија.
 

И додека креаторите, медиумски се препукуваат кое е и чие е, Цеца го покажа плагијатот во Прилеп. И плус и воодушеви со него!

 

Еден од настаните кои дефинитивно го одбележаа лето 2010, беше журката со легендарниот Дејвид Моралес, на Немо плажата во Охрид.