Браво бенд со нов спот

Браво бенд снимија спот за песната "Без неа не постојам", во продукција на "Комјунити пикчрс", и режија на Дарко Антоновски.
Музиката ја напиша сегашниот фронтмен и вокал на бендот Александар Тасевски а текстот е на Анита Даева.
Спотот се снимаше во еден луксузно опремен стан во центарот на Скопје, цели 16 часа. Песната "Без неа постојам" е најава за вториот албум на Браво бенд , кој треба да излезе во мај.
Момчињата од Браво бенд ја најавуваат и темата "Таа има се" со која ќе настапат на домашниот Евросонг. Песната е авторско дело на Мартин Вучиќ, текстот е на Сања Николиќ. Песната е во брз ритам, а за неа најавуваат и интересен сценски настап.

















