Боки: На Ера му истече рокот за употреба
Боки 13 се скара со фолк пејачот Ера Ојданиќ во Големиот брат, а кавгата била доста силна и вулгарна. Боки почнал прв да го прозива Ера, по што Ојданиќ му се заканил со својата "ракета", како што тој го нарекува својот полов орган.
- Каква ракета, која година е произведена", прашал Боки. Ера му одговорил: во 1948, а Боки на тоа му вратил: "На ракетата и истекол рокот за употреба, а и да не е, се едно, немаш со што да се гордееш", рекол дрско Боки.
За сега, сојузници на Боки во Големиот брат, кој постигна рекордна гледаност секоја вечер на Сител, се Анабела - екс Фанки Џи и Дивна Карлеуша. Но, тој почна да се спријателува и со Лепа Лукиќ, која со најголемо чудење го гледаше кога влезе во куќата и прошепоти: Кој е овој?

















