Бекстејџ доби награда на Златна Бубамара

Втора година по ред, Бекстејџ доби награда за најдобра ТВ емисија на Златна Бубамара на популарноста. Нашите три блондинки, Снеже Велков, Марјана Станојковска и Драгана Чуприна не ја оставија рамнодушна публиката со ултра кусите фустанчиња и духовитиот говор на сцената. Бубамарата ја имаат сите бринети и црвенокоси, а за неа сонуваат сите блондинки, рече Снеже која се заколна дека не ја пропушта хит-серијата Ѓумуш.
Главна ѕвезда на шоуто беше одличниот Сашко Коцев кој секогаш боцка таму каде што боли: во скопје 2014, во геј парадите со кои ќе влеземе во ЕУ, со шверцуваната роба на Пепи... Слаткаристка, кој доби награда за хип-хоп артист на годината и Тони Зен ја размрдаа салата со нивните хитови, а на Кили втора година по ред не му успеја да ја бакне Дани.
Ако на сето ова се додаде дека на сцената на Универзална ги видовме: Звонко Богдан и неговите тамбураши, Бајага, Масимо Савиќ и Оливер Мандиќ, епилогот ви е јасен. Залтна Бубамара 13 години по ред е најдборото Балканско шоу!
Награди:
Златно славејче- за 40 годишен јубилеј
"Доктор Офболи"- детска претстава
Најдобри актери - Дејан Лилиќ и Јелена Жугиќ
Најдобра претстава "Госпоѓа Министерка"
ТВ водител - Трендо
Хит на годината - "Високи штикли" на "Конкорд"
Дани- специјална награда за борбата против сидата
"Не кажувај либе" на Зоран Џорлев - најдобар албум
Музички проект -"Македонското срце чука во седум осмини" на семејството Тавитјан
Гаро јуниор - најдобар продуцент
"Елено моме" - најдобар спот
Звонко Богдан и Вања Лазарова- животно дело
Оливер Мандиќ - трајни вредности
"Најтешкото нешто" на Тоше Проески - балкански албум на годината



-1.jpg NASLOVNA.jpg)













