Емилија Ванчова и Маја Божиновска  се добитничките на последните две гратис влезници за настапот...

Аватар извиси

Американската Филмска Академија, вчера по 82 ри пат ги додели најпрестижните филмски награди, Оскарите. Годинава, за прв пат се водеше вистинска реална борба за златните статуетки. Сите филмови, актери, режисери и слични филмски работници заслужено се најдоа во своите категории.

Иако во категоријата за најдобар филм, многумина очекуваа победата на најскапиот филм на денешницата Аватар, сепак наградата ја однесе нискобуџетната драма за војната во Ирак The Hurt Locker.

Оскар за најдобра режија доби Кетрин Бигелоу за истоимениот филм.

Статуетката за најдобра женска улога и припадна на Сандра Булок за улогата во филмот Мртов агол. Годинава истата оваа актерка ја доби и наградата за најлоша женска улога во филмот Се за Стив.

За улогата во Филмот Лудо Срце, Џеф Бриџис ја однесе наградата за најдобра машка улога. Моник и Кристоф Валц ги добија статуетките за најдобра женска и машка споредна улога за филмовите Precious и Inglourious Basterds. Филмот Up е прогласен за најдобар анимиран филм.

На церемонијата по повод доделувањето на најпрестижните филмски награди, годинава во улогата на водители се појавија Стив Мартин и Алек Болдвин.

Оливера Трајковска во естрадниот магазин Бекстејџ...