Бекстејџ ви го честита Денот на независноста...

Armin van Buuren пие само Ладна

Човекот кој три години по ред е прогласуван за број 1 ди-џеј во светот, човекот кој има сопствено радио шоу кое го слушаат преку 30 милиони слушатели, човекот кого Скопје нестрпливо го очекуваше - Armin van Buuren дојде, настапи во летниот клуб Колосеум и вистински  ги здрма пристуните.
Градот кој Armin го обожува поради неописливата енергија која секојпат одново му ја пружа и овојпат не го изневери. Колосеум исполнет до последното место, а еуфоричната толпа неуморна...

Кубот Колосеум и ONE уште еднаш успеаја да го почувствуваат пулсот на градот и да му ја задоволат потребата од журка по светски стандарди.

Стандардно сега не ви откриваме ништо повеќе освен фотки од забавата, деталите заедно со ексклузивното интервју со суперстар ди-џејот очекувајте го деновие во Бекстејџ 2 во 18 часот и 40 минути.

Еден од настаните кои дефинитивно го одбележаа лето 2010, беше журката со легендарниот Дејвид Моралес, на Немо плажата во Охрид.