Александра Јефтановиќ, водителката на Фарма
Таа е млада, згодна, амбзициозна и навистина успешна во она што го работи. Поубавата половина од водителската двојка на најгледаното реално шоу на Балканот, Фарма - Александра Јефтановиќ, неодамна се најде пред објективот на Бекстејџ.
- Благодарам на комплиментите, всушност и не е толку тешко да се биде поубавата половина, кога втората половина е Огњен Амиџиќ.
Разговорот го започнуваме токму со Фармата, колку ти се пронајде во целиот тој проект?
- Па, јас искрено се надевам добро... Дека тоа така изгледа... Поминаа неколку емисии, се работи во живо, три часа, комплетно напорен проект кој бара голема концентрација и организација...
Ти ја доби онаа малку полесната улога, во студио... Што ќе се случеше да те пратеа наместо Огњен на Фармата?
- За среќа таков е форматот на самото шоу, па жените се тие што водат од студио, а Огњен е всушност спојка меѓу фармерите и општината. Незнам кому е понапорно и што ќе беше ако беше, но...имав среќа, ајде така да кажам
Дали би прифатила доколку наместо како водителка те поканеа како дел од учесниците?
- За првпат во животот учествував во подготовката на едно реално шоу и бев запрепастена како луѓето лесно прифаќаат да бидат дел од истото, а голем дел од нив и сами се пријавуваат. Мислев дека има повеќе убедување и дека малку попромислено ги носат одлуките. Сите во себе носиме одредена доза на егзибиција, дури и јас, штом работам на телевизија, но мислам дека сепак сум премногу срамежлива за такво ескпонирање.
Доколку хипотетички се најдеш во таа селска идила, што од урбаниот свет најмногу ќе ти недостига?
- Точно е дека условите се тешки за 21 век, но од друга страна, Фармата е многу убава, мислам дека да немаше камери, јас би им платила на Милица и Жељко да поминам некое време таму. Капењето во буре, некако би го издржала, спиењето на слама не би ми претставувало проблем, недостатокот на месо исто така... На крајот сепак останува полското вц, на кое мислам дека никако не би можела да се навикнам.
Ајде сега еден искрен одговор на следното прашање, дали веќе имаш свој фаворит од учесниците?
- Искрено, сеуште немам. Никого посебно не би издвоила, иако сите ликови ми се интересни на свој начин.
Ја тргаме Фармата на страна, во Македонија важиш за една од најсексапилните водителки на територијата на бивша Југославија, што на себе сметаш за најголем адут?
- Благодарам, навистина незнам што би издвоила...Јас сметам дека сексапилот е збир на целокупниот физички изглед, надополнет со внатрешната исполнетост.
Дали си заљубена?
- Не и немам дечко за сериозна врска, еве ќе дојдам во Македонија ако таму ме сметаат за сексапилна.
Дали досега си била во Македонија и какво е твоето мислење за нашите момци?
- Па да, сум била неколку пати, мојот поранешен сопруг играше ракомет во Македонија, но бидејќи доаѓав со него неможев убаво да рагзледам, па веројатно би требало уште еднаш добро да погледнам пред да дадам генерална оценка.
Штом веќе изрази желба за посета на Македонија еве Бекстејџ јавно ја кани Александра, што поскоро да ни дојде на гости, да одмори, да прошета, да измерка...Којзнае можеби токму тука ќе го пронајде својот принц на бел коњ, па ќе ја правиме македонска снаа :)
Подготви: Марија Петровска

















