Бекстејџ ви го честита Денот на независноста...

Александар Краишник: Никогаш не сум бил посилен!

Александар Краишник, единствениот преживеан, со ексклузивно интервју за Бекстејџ на само неколку минути по победата во втората сезона на реалното шоу Преживеан....

По 53 дневната неизвесност, гладувањето, лошите временски услови, непрегледноста на океанот и мистериозноста на прашумата, заврши втората сезона на реалното шоу Преживеан. Учесниците ослабени, од Филипините се вратија директно во студиото на телевизија ФОКС во Белград. Телевизија Сител 53 дена го пренесуваше филипинското доживување, Бектејџ директно од финалето ги пренесува победничките импресии.
Александар Краишник 19 годишниот шофер од Шабац е единствениот Преживеан. На само неколку минути по прогласувањето на победата Аца со ексклузивно интервју за Бекстејџ.

Бекстејџ : Александар како се чувствуваш по победата?

Се чувствувам одлично. Всушност како и можам да се чувствувам па јас сум победник на втората сезона на реалното шоу Преживеан!!!

Бекстејџ : Ја очекуваше ли победата?

Па не дека ја очекував но секако дека на Филипини отидов за да победам. Добар бев со сите, добар бев и во борбите, очигледно тоа беше доволно да ги освојам симпатиите на гледачите. Затоа ќе го искористам моментов да им се заблагодарам на сите што гласаа за мене. На гледачите од Србија, Македонија, Босна и Херцеговина и на сите останати што ме подржаа. 

Бекстејџ : Што беше првото нешто што ти помина низ глава кога слушна дека ти си победникот на Преживеан?

Незнам. Само знам дека беше тотален хаос. Се и сешто ми помина. Во секој случај беше убаво чувство.

Бекстејџ : Пред Преживеан изјави дека со твојата скромна плата го издржуваш твоето семејство? Што  значат овие 100.000 евра сега за тебе?  Што планираш со нив?

Сигурно е дека ќе отворам некој локал или ќе купам некоја недвижнина. Незнам, само што ги освоив уште не испланирав како ќе ги потрошам. 

Бекстејџ : Дали по оваа победа се чувствуваш многу посамоуверено многу посилно и многу позадоволно?

Па нормално. Победата на Преживеан покажа до каде се моите граници. Покажа колку всушност јас можа да издржам и до каде можам да одам. И претходно мислев дека можам многу, сега само се уверив во истото. Но едно знам, никогаш не сум бил посилен.

                                                                            Мирослав Кацаров

Еден од настаните кои дефинитивно го одбележаа лето 2010, беше журката со легендарниот Дејвид Моралес, на Немо плажата во Охрид.