Емилија Ванчова и Маја Божиновска  се добитничките на последните две гратис влезници за настапот...

Александар Блажевски

Успесите во годинава што измина, славењето на истите, ретроспективата на најблескавите моменти кај нас и на Балканот ги завршуваме во разговор со човекот одговорен за истите, одговорниот уредник на Бекстејџ, Александар Блажевски.

Бекстејџ не поминува во категоријата на емисии од информативен карактер. Сериозноста на интервјуто е само момент со кој сакавме да ја потсетиме естрадата и публиката дека и покрај се Бекстејџ на сериозен и новинарски начин се посветува на македонските естрадни моменти. А уште повеќе на успешната една година.

Бекстејџ: Интервјуто е по повод една година Бекстејџ, како сте задоволни од се што постигнавте во оваа една година?

Александар Блажевски: Во принцип она што го зацртавме на самиот старт на проектот го исполнивме во првите 3 месеци ако зборуваме за рејтинзи и гледачи што ги сакавме само за нас. Бекстејџ е во категоријата на емисии кои сеуште се бебиња. Една година е многу мал период за да се изгради една емисија од ваков тип како комплетен бренд. Мислам дека допрва следуваат најубавите моменти во емисијата.

Бекстејџ: Фолкот за широките народни маси или општо познатиот турбофолк често заслужувал по неколку минути во овој естраден магазин.

Блажевски: Искрено турбофолкот во Бекстејџ бил и секогаш ќе биде присутен бидејќи е дел од естрадата. Ако ние се декларираме како естраден магазин кој што ги следи случувањата, тоа автоматски значи дека добар дел од емисијата треба да посветиме и на турбофолкот.

Бекстејџ: Да, но ЗЗ Топ и Дадо или Шако Полумента во една иста емисија. Кој е критериумот по кој вие како уредник одлучувате што ќе следи Бекстејџ?

Блажевски: Приоритет секогаш имаат настаните кои што се помасовно следени односно настаните што ќе привлечат поголем број телевизиска публика. Ако конкуренцијата го подобрува квалитетот, квалитетот го збогатува пазарот, квантитетот и бледата копија со тек на време сами отпаѓаат од истиот.

Бекстејџ: Многу често Бекстејџ го споредуваат со дневни емисии слични на оваа. Дали Бекстејџ има конкуренција?

Блажевски: Бекстејџ и тоа како има конкуренција. Се разбира дека има емисии што ја третираат истата проблематика – естрадата. Повторни ќе се вратам на почетокот на разговорот. Не е важно кого третирате важно е како иако Бекстејџ оваа година може да се пофали со соработници кои секој може да ги посака. Без оглед на конкуренцијата, Бекстејџ ја има Авалон Продукција, имаме ексклузивен договор со Калиопи мјузик продукција, ексклузивен договор со Јованов рекордс, односно онаа револуција што се случи оваа година благодарение на Бекстејџ и Јованов рекордс. Конкуренцијата е здрава работа но кога истата се сведува на 2-3 локални пејачи и ТВ екипа во која најбитно е да има што повеќе припадници на геј популацијата од новинари, тогаш мислам дека воопшто немаме проблем со конкуренцијата.

Бекстејџ: Важноста на човекот се гледа по бројот на непријателите. Дел од нив и те како заслужуваат место под ѕвезденото Бекстејџ небо.

Блажевски: Во оваа една година имаме 3 судски тужби и сите три се откажани од страна на тужителите. Единствено нешто што имаме заработено како казна за која верувам дека е неправедна е неемитување 24 часа реклами на Сител од Советот за радиодифузија. И онака мислам дека советот нас како телевизија не не сака, уште помалку како редакција, така што ова ќе го земам како личен хир на претседателот на советот и групацијата околу него.

Бекстејџ: Во Понеделник започнуваме со првиот работен ден од втората уште поуспешна година зад сцената. Александар Блажевски со најава за новите моменти од истата.

Блажевски: Има три моменти што сакам да ги најавам што сигурно ќе се случуваат во 2009 и 2010. Првата крупна работа, што ја заслужуваме како естарден магазин е отварање на тeлевизиски студија во Белград и Загреб и 2 проекти кои и те како ќе бидат интересни за гледачите. Првиот проект е јавна тајна кој што ќе има за цел на малку поинаков начин да ја запознае јавноста со естрадата во вистинската смисла на зборот и она што цела оваа година откако се појави Бекстејџ се зборува, а ние планираме да го документираме е проект кој што буквално ќе се однесува на војната во естерадните кругови, борбата помеѓу Сител и А1, борбата помеѓу Бекстејџ и Ексклузив. За тоа нема да зборуваме ние, тоа ќе биде документирано од луѓе кои што навистина биле погодени од оваа медиумска и естрадна војна, луѓето кои што изгубиле дел од својот бизнис заради нечии пиљарски хирови. За среќа во Македонија имаме доволно уметници и за среќа имаме каква – таква естрада и Бекстејџ ќе настојува во годината што доаѓа да ги претстави вистинските луѓе. Убеден сум, ако ги имаме истите соработници од претходнава година дека и оваа што доаѓа ќе биде успешна за проектот.

Ако денот по утрото се познава, нашиот почна одлично, да се надеваме дека така и ќе заврши. Среќен роденден Бекстејџ!

                                                                            Јулија Цветковска
 

Оливера Трајковска во естрадниот магазин Бекстејџ...