А1 телевизија се раситнува
Трендот продолжува... Некогаш најгледаната и најмоќна телевизија кај нас А1 продолжуваат во континуитет да ја напуштаат нејзините заштитни лица, благодарение на кои ја достигна својата популарност. Најновата вест е дека Снежана Лупевска - заменик одговорен уредник, автор, уредник и водител на популарната политичка емисија Код ја напушта телевизијата на која и беше верна цели 15 години и заминува во Канал 5.
Заедно со Лупевска позната како Жане – Танушевци, А1 Телевизија ја напуштаат и новинарите Миомир Серафиновиќ, Маја Јовановска и уште тројца од информативната програма на оваа тв куќа. Репортери и новинари кои беа водечки во репортажите и прилозите во информативниот сектор. Но, напуштањето на овие новинари на посочениот медиум е само продолжување на трендот и фамата наречена Да бегаме од А1. Пред два месеци продукцијата ФОКС од Белград ги повлече правата за светското реално шоу Сурвајвор од А1 и ги продаде на Сител. Англиската Премиер лига исто така ја смени фреквенцијата и направи трансфер А1 – Сител. Правата за Квалификациите за Светското фудбалско првенство на Македонската фудбалска селекција исто така доживеаа трансфер од едната во другата тв куќа. Дел од уредничката постава и на забавната редакција на оваа тв куќа уште пред една година се повлече и создаде конкурентни тв проекти кои со својата гледаност ја загрозија до скоро водечкиот тв медиум.
Ако на сево ова се додадат и големите музички трансфери на најголемите музички продуцентски куќи кај нас кои му откажаа љубов на дотичниот тв сервис се добива впечаток дека А1 се повеке запаѓа во телевизиска криза. Особено од септември кога двата најголеми конкуренти најавуваат вистинска револуција. Канал 5 веке објави дека Лигата на шампионите е нејзиниот адут, а од Сител Телевизија покрај Премиер Лигата, Сурвајвор, серискиот хит Призн Брејк и ЕП во кошарка во Полска низ директни преноси, сега откриваат дека и два конкурентни мега проекти ке започнат на оваа фреквенција. Септември не е далеку...
Р.Б.

















